Како да исчистите смола од облеката

Прекрасен ден во природа, но на едно од вашите омилени парчиња облека има дамка од смола.

За да ја спасите облеката важно е да реагирате брзо, веднаш штом ќе дојдете дома.

Наједноставен начин да исчистите смола од облеката е да употребите пегла и хартија од весник. Добро загрејте ја пеглата, ставете ја хартијата преку парчето облека на местото каде се наоѓа смолата и поминувајте со пеглата преку неа се додека смолата не премине на хартијата од весник.

Другиот начин е да ја „заледите“ облеката. Парчето облека на кое се наоѓа дамката од смола ставете го во ладилникот се додека во целост не се заледи, а па потоа со помош на тврда четка протријте ја дамката . Истата постапка можете да ја употребите и во случај кога имате залепено гума за џвакање на облеката.

Likes:
0 0
Views:
20

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *