Како да одберете квалитетни пластични играчки

Продавниците за играчки денес се вистинско мало царство ,  места кои нудат многу забава и возбуда за сите нас, особено за најмалите.

Сепак, да се избере квалитетна играчка меѓу мноштвото играчки наредени на полиците, е вистински предизвик за секој родител. Прв критериум според кој треба да се водат родителите и сите останати кои купуваат играчки за најмалите е функционалноста на играчката – колку истата е во согласност со возраста на детето и неговите можности и способности.

Вториот критериум при изборот на  квалитетна играчка во време кога продавниците за детски играчки кријат огромна понуда е нејзиниот квалитет и безбедност по здравјето на детето.

Во минатото било полесно, повеќето играчки биле направени од дрво, но денес повеќето играчки се направени од пластика. Пластиката скоро и да не е возможно да се избегне, затоа добро внимавајте кога купувате пластични играчки.

Внимавајте на бројчаните обележја што играчките ги имаат најчесто во нивниот долен или заден дел.

Имено, на секоја пластична играчка, на долниот дел од играчката би требало да биде втиснат број, а ваша задача е да обрнете внимание на  броевите од еден до седум кои се втиснати во пластиката.

Бројот 3 означува дека играчката е направена од ПВЦ поливнил хлорид и се смета за неповолна по детското здравје.

Играчките кои го носат бројот 4 ( полиетилен со ниска густина ) и 5 ( полипропилен) се побезбедни за децата од останатите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *