Кокосова вода за здрава кожа на лицето

Вечерта што е зад вас е вечер вредна за помнење. Убаво друштво, вкусна храна но можеби и малку повеќе пијалок од планираното. Сето тоа, во комбинација со недостатокот на сон може да резултира со дехидратација, „уморно’ лице, сува кожа и непријатни темни кругови околу очните капаци.

Без грижа, победете го чувството на замор и освежете ја кожата на лицето со помош на благотворното дејство на кокосовата вода. Поради алкохолот нашиот организам не губи само течност туку и многу важни електролити, меѓу кои е и калциумот. Недостатокот на калциум може да ја наруши pH вредноста на кожата. Токму во тој дел најмногу помага кокосовата вода.

Напитокот има одличен вкус, освежува но исто така има и исклучително високо ниво на калциум кој ги храни и регенерира клетките. Дополнително го препорачуваме овој напиток и поради отсуството на бои и засладувачи.

Наутро, уживајте во сеќавањата на прекрасната вечер додека уживате во голтките на кокосовата вода.

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *