Кој е најголемиот непријател на густите и здрави трепки

Секако, маскарата, особено доколку ја нанесете во неколку слоја, може да ви помогне во зголемување на волуменот на трепките. Но, доколку вашата цел е покрај природното зголемување на волуменот да добиете и негувани трепки тогаш ви препорачуваме да се потпрете на моќта на природните масла.

Пред се, секогаш треба да имате во предвид дека редовното одржување на хигиената на трепките е клучно за нивниот здрав и густ изглед. Пред да си легнете не заборавајте да ја отстраните шминката од очните капаци и маскарата од трепките.

Откако ќе го направите тоа, создадете навика, во континуитет да ги премачкувате трепките со микс од рицинусово и маслиново масло. Овие две масла имаат висока концентрација на витамини, особено витамин Е, кој е важен елемент во процесот на зацврснување и згуснување на вашите трепки.

Иако естетските придобивки од виткачот на трепки можат да ги задоволат вашите очекувања, сепкак, имајте во предвид дека таа придобивка е краткотрајна.  Напротив, од оваа направа долгорочно може да си нанесете голема штета бидејќи при превиткувањето влакната се прекршуваат и со текот на времето стануваат се полесно кршливи и лесно доаѓа до нивно опаѓање.

Likes:
0 0
Views:
110
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.