Масажа која ќе го подмлади вашето лице

Без хемикалии и скапи креми, но со малку упорност и познавање на вистинската техника на масажа, ќе успеете, сами, во домашни услови, да го подмладите изгледот на вашето лице. Нема никаква штета од секојдневното практикување на оваа реалаксирачка активност.  Но сепак, за конкретни резултати, навистина е важно  да ја совладате вистинската техника на масирање со чија помош би избришале неколку години од лицето.

Неутрализација на  лимфните јазли на лицето и подобрувањето на циркулацијата на крв во таа регија се дел од придобивките од оваа масажа.

Правилниот начин на масирање на лицето истовремено може да ви помогне да го елиминирате наталожениот стрес во текот на денот.

Пред се, масажата започнете ја на тој начин што ќе нанесете малку поголема количина на хидратантна крема на лицето. Со користењето на кремот го спречувате триењето на кожата. Позиционирајте го показалецот и средниот прст од раката на врвот на носот во пределот помеѓу двете очи. Лизгајте нагоре правејќи благ притисок на челото. При тоа ширете ги прстите се додека не ја допрете линијата каде што косата почнува да расте. Постапката повторете ја неколкупати.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *