Маска од пиво која и дава мекост и волумен на косата

Негувана коса, меко и сјајно влакно, волумен кој плени – сето ова можете да го постигнете со малку упорност и верба во природните состојки кои се дел од оваа  домашно подготвената маска од пиво.

За нејзината подготовка потребни ви се следниве состојки:

  • 2 жолчки
  • 2 лажици кокосово масло
  • 100 мл светло пиво

Во пивото, кое од претходниот ден сте го оставиле во сад кој не е затворен, додадете ги кокосовото масло и добро изматените жолчки.

Мешајте се додека не добиете хомогена смеса.

Вака приготвената маска нанесете ја на сува коса. Оставете да делува околу половина час, а потоа измијте ја косата на вообичаениот начин.

Likes:
0 0
Views:
123
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.