Медот како лек за сува и иритирана кожа

Еден од најдобрите производи што мајката природа ни го дала за нега на кожата е токму медот.

Медот е природно средство кое може да овозможи висока хидратација, а освен тоа, тој има исклучителни антибактериски и ангифугални својства кои ја смируваат иритираната кожа и помагаат во лекување на инфекциите.

Медот може едноставно, без претходна подготовка, да се нанесе на било кој проблематичен дел од кожата на лицето и да се остави да делува околу петнаесетина минути. Оваа постапка потребно е да се повторува два до три пати во текот на денот, неколку дена по ред за да има видливи резултати.

Сепак, доколку се соочувате со исклучително сува кожа, препораката е медот да се комбинира со една лажичка кокосово масло. Оваа маска нанесете ја на претходно добро исчистена кожа и оставете да делува десетина минути. По измивањето кожата ќе биде мека, освежена и еластична. Нема да има ниту трага од дехидратацијата.

Likes:
0 0
Views:
21
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *