Не го покривајте детето кое има висока температура

Кога младите родители ќе се соочат со високата температура на своето дете, често слушајќи ги советите од повозрасните, ја следат праксата детето добро да се затопли, да се покрие со дебела покривка и да се препоти.

Но, таа практика не е секогаш корисна, напротив. Препотувањето не е добро кога веќе постои зголемување на телесната температура, особено доколку не е даден лек кој би делувал во насока на нејзино намалување.

Претераното загревање на детето кое има зголемена телесна температура може дополнително да ја зголеми температурата. Наспроти тоа, се советува детето да биде облечено во лесна и тенка облека или доколку временските услови дозволуваат да биде голо и често да се тушира со млака вода или да се премива со крпа натопена во мешавина од вода и алкохол во сооднос 3-1.

Покривањето на детето со мокар чаршаф или пешкир е исто така лоша идеа. Тоа би можело да предизвика грозница и долгорочно да ја зголеми внатрешната температура.

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *