Ова е жената која не се откажува ниту тогаш кога најмногу ја боли

Таа работи напорно, иако има денови, кога посакува да го откаже алармот. Има и денови кога повеќе би сакала да остане во кревет до пладне. Но, дури и тогаш, не се откажува од помислата дека е потребна силна работна етика.

Таа заминува без да ги објаснува своите постапки од сите токсични луѓе. Дури и да ги познава целиот свој живот, таа знае дека доколку станат извор на стрес потребно е да станат дел од минатото.

Таа се сака себеси. Несигурна е во себе на моменти, како и сите други, често се прашува дали е правилно тоа што го прави затоа што исклучително самокритична и паметна да процени дека никој на светот не знае се. Но на крајот, секога на другите го дава најдоброто од неа.

Таа искрено разговара за своите чувства и не се плаши да ги покаже. Таа сфаќа дека ранливноста, солзите и отворањето на душата бараат исклучителна сила и храброст. А таа е храбра, не се откажува дури ни кога најмногу боли.

Знае да ја почитува осаменоста и спокојот што таа може да го понуди во одредени моменти. Секогаш би одбрала да биде сама отколку во токсина врска.

Таа верува во себе и во своите можности, дури и кога сите се против неа. Никогаш, колку и да ја боли, нема да ја видите да се откаже од намерата да стане успешна жена, реалност на најдобрата слика за себе што ја замислува секога вечер кога исцрпена ќе ја потпре главата на перницата.

Likes:
0 0
Views:
26
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *