Состојките кои се составен дел од овој домашно приготвен чај кој го помага топењето на масните наслаги се сосема природни, а нивната комбинација ветува ефикасни резултати – максимум 6 до 8 сантиметри во обемот на половината за само тринаесетина дена редовна консумација.
За неговата подготовка потребни ви се само три состојки:
- една рамна кафена лажица ленено семе
- една кафена лажица мелен гумбир
- една филтер кесичка зелен чај
Ефикасноста на овој чај лежи во моќта на катехините, природни антиоксиданти кои се составен дел од зелениот чај, кои можат да го забрзаат метаболизмот и да го зголемат процентот на согорени маснотии.
Во еден литар вода која врие додадете ги трите состојки, тргнете го садот од оган и оставете да отстои околу половина час. Процедете и чајот е подготвен за консумација.
Дневно е потребно да испиете три шолји чај поделена во еднакви временски интервали во текот на целиот ден, започнувајќи од рано наутро, на гладен стомак, до вечерта, непосредно пред да си легнете.