Пластична или дрвена даска за сецкање

Дали и вие, стоејќи пред рафтовите во некој маркет,  сте се нашле во недоумица кој е подобриот избор, дали се тоа дрвените или пластичните даски за сецкање во кујната? Изборот е огромен, мноштво од форми и бои.

Уште од дамнина преовладувало мислењето дека дрвените даски за сецкање го потикнуваат развојот на бактериите поради порите на нивната површина, став кој што ги стави во широка употреба пластичните даски за сечење.

Меѓутоа, истражувањето спроведено од страна на UC Davisa докажува дека дрвените даски го немаат тоа негативно својство. Од друга страна, на површината на пластичните даски се наоѓаат мали вдлабнувања во кои можат да се задржат бактерии кои не е лесно да се исчистат поради својствата на материјалот од кој е направена даската.

Без разлика кој вид на даска го употребувате во домаќинството, секогаш внимавајте на нивното темелно чистење и што е поважно сушење потоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *