Пуштете ги од рака пријателствата кои престанале да бидат пријателства

Точна е една од најголемите животни вистини, без разлика дали нам тоа ни се допаѓа или не, дека луѓето се менуваат-некои на подобро, но некои на полошо.

Не се трудете да поминете часови во размислување зошто е тоа така, зошто се случуваат тие промени, зошто некои луѓе заминуваат од вас дури и ако не сте им направиле ништо лошо. Не се плашете од она што се случува, ниту од тоа каков исход ќе донесе иднината со некои нови луѓе, во некои нови прилики. Само храбро!

Размислете, велите не сте им направиле ништо лошо на тие луѓе кои излегле од вашиот живот, но дали сте направиле нешто добро за нив? Дали сте им дале доволно добра причина да останат дел од вашиот живот? Се случило тоа што се случило, пуштете ги од рака пријателствата кои веќе не се пријателства, пуштете ја да оди од вас љубовта која не е повеќе љубов. Зарем не заслужувате подобро од тоа да ги залажувате своите надежи со половичност од она што вам ви е потребно?

Пуштете ги луѓето кои сакаат да си одат од вашиот живот да го направат тоа, без да ги влечете за ракав. Сето она што не се случува од срце е осудено на пропаст. Понекогаш е подобра опција секој да оди на своја страна, понекогаш е подобро вашите животни патишта да создадат крстопат.

Простете. Простете ги сите повреди, сите солзи, секоја трошка тага… Простете за сето тоа зло,за целата таа неправда што сте ги добиле, а реално не сте ги заслужиле. Ако се прашувате зошто треба да простите, имајте во предвид дека простувањето е она што вам ќе ви донесе мир и спокој, но и прифаќање на минатото токму такво какво што е.

И никогаш немојте да престанете да учите, да учите за себе, користејќи го најдоброто од секоја ситуација. Сосема е во ред, понекогаш, сосема сами, да застанете на таа крстосница и да не знаете во која насока е најдобро да се упатите. Тоа не е знак дека нешто не е во ред со вас, ниту дека сте неодлучна личност полна со комплекси, туку дека имате капацитет да го цените својот живот и да го извлечете сето она што е најдобро од него.

Дајте го најдобро од себе, не во надеж дека со иста мера ќе ви биде возвратено, туку со цврста верба во себе и своите постапки, дека кога ќе се свртите наназад ќе знаете дека не сте се изневериле самите себе.

Likes:
0 0
Views:
112
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.