Талог од кафе за чиста и здрава кожа на лицето

Доколку сте љубители на кафето, пријатно ќе ве изненади податокот дека, освен што можете да уживате во прекрасниот вкус на кафето, од неговиот талог може да имате многу придобивки за убавината и здравјето на вашата кожа.

За таа цел ви предлагаме да испиете шолја аромарично кафе, а потоа талогот од кафето да го промешате со две супени лажици јогурт и една кафена лажичка маслиново масло.

Отакако со помош на мешање ќе добиете хомогена смеса, истата нанесете ја на кожата на лицето и составете ја да отстои околу петнаесетина минути.

Откако ќе се исуши, маската отстранете ја со помош на мека четка ( доколку немате мека четкичка послужете се со четка за заби која има помеки влакна ).

На овој начин лесно и ефикасно ќе ги отстраните сите мртви клетки од кожата на лицето, ќе ја потрханите и ќе и дадете сјај и здрав изглед.

Likes:
0 0
Views:
115
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.