Домашни бисквити со банана – идеален оброк за најмалите

Десерт кој е истовремено и здрав и вкусен, овошна комбинација од вкусови која е  вистинско уживање за најмалите членови во семејството.

За да го подготвите овој оброк потребни ви се следниве состојки:

-20 мл маслиново масло
– 200 гр брашно од хељда
– 1 банана
– 1 јаболко

За подготовка на тестото ќе ви биде потребно и половина чаша вода.

Подготовката е многу едноставна.

Од јаболкото и бананата со помош на блендер направете каша.

Во подлабок сад ставете ја овошната каша, маслиновото масло и водата. Добро промешајте. Брашното додадете го постепено со континуирано мешање на состојките.

Замесеното тесто ставете го во ладилникот и по половина час развлечете кора од која ќе ги исечете саканите облици. Бисквитите наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

Печете во претходно загреана рерна, на температура од 180 степени, околу 15 минути.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
108
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.