Коприва во исхраната на најмалите

Копривата е позната по безбројните благодети за нашето здравје. Освен во чорбите и во комбинација со месо, копривата може да се користи и за подготовка на здрави бебешки кашички.Копривата е одличен извор на калциум, фосфор, железо, магнезиум  и на витамините Ц, А, Б2, Б5 и К. Незаменлив сојузник во борбата против слабокрвноста, но исто така, таа помага во зајакнување на имунолошкиот систем.

Секогаш внимавајте копривата да биде добро термички обработена пред да ја послужите на вашето малечко.

Иако постојат многу варијанти, ние ви ја предлагаме комбинацијата на коприва и компири, која е многу вкусна и веруваме дека ќе му се допадне на вашето бебе.

За подготовка на овој оброк потребни ви се следниве состојки:

  • неколку листови коприва
  • еден помал компир
  • половина морков
  • половина кафена лажичка маслиново масло

Копривата добро измијте ја, ставете ја во вода да се вари. Додајте ги да се варат и компирот и морковот, кои претходно сте ги исекле на ситни коцкички.

Сварениот зеленчук процедете го, изблендирајте ги состојките и додајте сосема малку маслиново масло. Доколку ви се чини дека кашичката е премногу сува додадете малку од водата во која се варел зеленчукот.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
27
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *