Рецепт: Овошен десерт кој не се пече

За подготовка на овој здрав овошен десерт потребни ви се следниве приозводи:

  • 200 грама дробени ореви
  • 2 изрендани јаболка
  • 200 грама мелени овесни бисквити
  • 2 изрендани крушки
  • 1 банана која сте ја згмечиле со вилјушка
  • 1 растопена млечна чоколада
  • млако млеко по потреба

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во подлабок сад и добро промешајте. Направете средно меко тесто со постепено додавање на млако млеко во количина која вам ќе ви одговара. Од смесата формирајте колачиња во форми кои вам ви одговараат.

Декорирајте по желба.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *