Рецепт: Тестетни во лут сос од печурки и праз

 Уште една интересна комбинација на состојки која ќе ве доведе до навистина експлозивен вкус, особено доколку сте љубители на лута храна.

Потребни состојки:

  • 400 грама ситни макарони
  • 300 грама ситно исецкан праз
  • 200 грама шампињони
  • 1 мала главица кромид
  • 100 грама димена сланина
  • 2 супени лажици лута буковка
  • 500 мл неутрална павлака за готвење
  • неколку шери домати
  • масло за јадење
  • сол и црн пипер

Начин на подготовка:

Во зовриена вода со малку сол сварете ги макароните. Откако ќе бидат готови, процедете ги и оставете ги настрана.

Во друг сад на оган, на малку масло за јадење пропржете ги кромидот и празот. Откако ќе омекнат додадете ги печурките и сланината која претходно сте ја исецкале на ситни коцки. Додадете ја и лутата буковка. Зачинете со сол и црн пипер. На крајот, додадете ја и неутралната павлака.  Добро промешајте и оставете да се динста уште две три минути.

Со вака подготвениот лут сос прелијте ги претходно сварените макарони.

Декорирајте со шери домати.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
28
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *