Грешки во љубовта кои силната жена не ги прави

Сакаме љубов, топлина и односи полни со разбирање и почит. Го сакаме ли истото што сме го сакале и кога сме имале дваесетина години? Можеби, но сега сме малку помудри, научивме дека во здравата и стабилна врска тие нешта се реципроцитетни.

Затоа, зрелите и емоционално стабилни жени не ги прават повеќе нештата што можеби ги правеле во раните години:

– Тие не чекаат упорно повик од мажот што го сакаат
( Свесна за своите чувства, ги превзема работите во своите раце и ја крева слушалката. Зошто би чекала на туѓата волја? )
– Не одат на состанок на место и во време кое неа едноставно не им одговараат
– Не ги оправдуваат неуспесите на партнерот по секоја цена
– Не премолчуваат повеќе-не даваат сигнали во надеж дека партнерот сам ќе примети и сфати што таа сака
– Не се плашат да постават прашање само поради стравот дека можеби ќе бидат повредени од одговорот на партнерот, но и се подготвени да дадат одговори на прашањата упатени кон нив. Горката вистина е секогаш подобра од слатката лага.
– Повеќе не прават грешка во замената на љубовта со сексот, па така, тие знаат дека љубовта може да биде поврзана со сексот, но не мора да значи дека сексот секогаш е поврзан со љубовта.
– Не се трудат повеќе да изгледаат најдобро поради својот партнер ( сега, се трудат да изгледаат најдобро поради самите себе )

Емотивно стабилната жена е како бамбус-директна, силна, флексибилна и нема преголеми барања. Тешко е да ја скршиш или да ја свиткаш по сопствена волја. Таа знае – љубовта е создавање, а не е деструкција и жртвување.

Likes:
0 0
Views:
115
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.