Како да подготвите мајонез од соино млеко

Мајонез од соино млеко – можеби ви звучи чудно, но со неговиот несекојдневен, но сепак прекрасен вкус е фантастичен избор за додаток на јадењата во време на постите.

За подготовката потребни ви се следниве состојки:

100 милилитри соино млеко

100 милилитри масло за јадење

2 лажици лимонов сок

1 кафена лажичка сенф

1 кафена лажичка куркума

сол и бибер по желба

Начинот на подготовка е многу едноставен. Сите состојки ставете ги во длабок сад, освен маслото за јадење. Започнете со блендирање додека постепено го додавате и маслото.  Мешајте со блендерот се додека не ја добиете саканата густина.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
24
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *