Кои житарки се најдобриот избор за исхраната на бебињата

Нутриционистите препорачуваат со воведување на  житарици во исхраната на бебињата да се почне после шестиот месец од животот.

Како прв избор на секој родител се препорачува дохрана која содржи оризови житарки, бидејќи во истите отсуствува глутенот како високо алергена состојка.

Следни на списокот се пченкарните житарки, кои исто така не содржат глутен,  супстанца на која што многу мали деца се осетливи и може да предизвика алергиски реакции. Исто така тие се многу лесни за варење и не го оптоваруваат дигестивниот тракт на бебето.

Најдобра опција за комбинирање на житарките е со овошје, односно подоцна со јогурт или кисело млеко.

По изминувањето на седмиот месец во исхраната може да воведете комбинирани житарки кои содржат пченица, просо, јачмен и рж.

Likes:
0 0
Views:
21
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *