Колач со суво овошје и семиња кој не се пече

Совршен микс на суво овошје и семиња.

Потребни состојки:

  • 100 грама овесни снегулки
  • 50 грама пченкарни никулци
  • 200 грама мелени интегрални бисквити
  • 30 грама печен и лупен сончоглед
  • 100 грама мелени ореви
  • 50 грама печен сусам
  • 100 грама суво грозје
  • 100 грама суви сливи ( ситно исецкани )
  • 50 грама суви кајсии  ( ситно исецкани )
  • 70 грама путер ( омекнат на собна температура )
  • 3 лажици кафен шеќер
  • 3 лажици какао во прав
  • 1 чоколадо за готвење
  • млако млеко по потреба

Сите суви состојки ставете ги во подлабок сад. Со постепено додавање на млако млеко, во кое сте го растопиле путерот, замесете средно меко тесто. Смесата префрлете ја во калап за ролати, претходно обложен со фолија. Прелијте ја со растопено чоколадо за готвење, а потоа ставете ја во фрижидер да се стегне. Откако ќе се олади, исечете ја на коцки и декорирајте по ваша желба.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
113
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.