Колку повеќе читам книги, толку помалку бришам прашина

Колку повеќе читам книги, толку помалку бришам прашина.

Седната во удобниот стол, во дворот, уживам во погледот без грижа за пирејот. Се повеќе време поминувам со пријателие, а помалку во навидум малите обврски кои најчесто самата си ги наметнувам, а ми го одземаат целиот ден.

Колку повеќе читам книги, толку повеќе сфаќам дека животот треба да се живее, а не да се преживува додека чекаме да се случи она што го посакуваме.

Веќе ништо не чувам, го користам најдобриот порцелан, ги користам кристалните чаши секојдневно. Ги трошам парфемите кои ги чував за специјални прилики. Го носам најубавото парче облека дури и кога одам до маркет да пазарувам.

Колку повеќе читам книги, толку повеќе сфаќам дека сум посреќна откако од мојот речник го исфрлив изразот „еден ден…“

Точно, животот не може да биде постојано „забава“, но додека сме тука сигурна сум дека може да танцуваме, најдобро што можеме!

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *