Не поправај-пријателства, љубов и чевли

Да можам, би те погледнала во очи и би ти кажала никогаш да не заборавиш која си, што си сега и што можеш да бидеш во иднина, кога ќе се оствариш себе.

Би ти кажала повеќе да се смееш,а помалку да плачеш.

Помалку да се задоволуваш со она што ти го даваат другите, а повеќе да го бараш она што тебе ти е потребно и она што тебе те прави среќна.

Помалку да трпиш, ако не ти се допаѓа каде што си помрдни се. Не се лути и не го мурти лицето, брчките што ќе ги добиеш долго ќе те потсетуваат на тоа колку глупости си морала да  „голтнеш“ и да истрпиш.

Би ти кажала „немој“ , големо немој за се она што ти не го сакаш, а мислиш дека мораш.

Помалку дозволувај другите да одбираат за тебе, повеќе негувај ги своите избори.

Би ти кажала трчај и не се врти назад- никогаш!

Слушај го гласчето што ти зборува одвнатре. Не ти мисли лошо.

Не поправај-љубов, пријателство и чевли.

Не простувај премногу.

Не се ранувај самата себеси.

Не се извинувај за своите солзи.

Не мораш се сама.

Не форсирај, ни себе ни другите.

Не барај оправдувања за туѓите глупости и грешки.

Не дозволувај други да ја одредуваат твојата вредност.

Никогаш немој да се смалиш за да на некому му бидеш таман.

Би ти кажала повеќе да живееш како што ти би сакала да живееш, а не како што си се навикнала да живееш или онака како другите што ти кажуваат дека треба да живееш.

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *