Подгответе вкусни и здрави бомбици од овесни снегулки и банана

Превкусно и здраво слатко задоволство. Брзо и лесно до вкусен десерт во кој ќе ужива целото семејство!

За подготовка на овој едноставен но превкусен десерт потребни ви се следниве производи:

  • 100 грама овесни снегулки
  • 2 банани
  • 200 грама мелени бисквити
  • 20 грама путер ( омекнат на собна темература )
  • три супени лажици мед
  • 2 лажици какао
  • млако млеко по потреба

Во подлабок сад убаво изгмечете ги бананите со вилјушка. Потоа додадете ги и останатите состојки. Постепено додавајте млеко се додека не замесите тесто кое нема да се лепи на вашите прсти.

Обликувајте топчиња во големина која вам ви одговара.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *