Подгответе ги највкусните млечни палачинки

Меки, тенки и со неодолив млечен вкус. Изборот на филот ви го препуштаме вам.

За подготовка на тестото за палачинки потребни ви се следниве состојки:

-3 јајца
-3 лажици шеќер и 1 мала лажичка сол
-3 лажици сончогледово масло
-200 мл млако млеко
– 70мл  вода
-250 гр. брашно

Начин на подготовка:

Во длабок сад ставете ги сувите состојки- брашното, солта и шеќерот. Во нив додадете ги претходно изматените јајца, маслото и водата. Мешајте полека и постепено додавајте го млекото, при тоа внимавајќи да не се појават мали грутки.

Тајната на мекоста на подготвените палачинки се крие во следниов трик- не ги подготвувајте веднаш откако ќе го направите тестото. Истото ставете го во ладилник да отстои барем половина час.

Испечете ги палачинките во тефлонско тавче кое сте го премачкале со сосема малку масло.

Готовите палачинки ги филувате по желба. Солен или сладок фил-веруваме дека ќе уживате во овој вкусен оброк.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
26
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *