Превкусно: Хељда со свеж зеленчук

Совршена комбинација на здрави и хранливи состојки кои ветуваат уживање во секое залче.

За подготовка на овој оброк потребни ви се следниве состојки:

  • 100 грама хељда
  • 1 свежа краставица
  • 1 свеж домат
  • половина главица кромид
  • една супена лажичка копар
  • 50 грама дробено козјо сирење
  • сол по желба

Начин на подготовка:

Претходно сварената хељда добро процедете ја од водата во која се варела и префрлете ја во поголем сад. Во садот додадете го зеленчукот кој претходно сте го исецкале на ситни коцки и издробеното парче сирење.

Состојките добро промешајте ги и зачинете по желба.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
24
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *