Превкусен десерт, готов за само некоку минути!
За да го подготвите ова превкусно слатко задоволство потребни ви се следните состојки:
200 грама мелени бадеми
100 грама мелени овесни снегулки
100 грама кафеав шеќер
200 милилитри вода
1 млечна чоколада
една шолја нес кафе
Начин на подготовка:
Во сад на оган ставете ја водата да се топли, додадете го шеќерот и мешајте неколку минути. Во шеќерниот сируп додадете го чоколадото искршено на коцки. Откако чоколадото ќе се стопи тргнете го садот од оган. Оставете да се излади, но не премногу.
Потоа во садот додадете ги бадемите, овесните снегулки и претходно подготвеното кафе.
Мешајте се додека не добиете хомогена смеса.
Од смесата со влажни дланки формирајте мали топчиња.
Декорирајте по желба.
На здравје!