Рецепт: Брза растурена мусака

Уште една варијанта на класичиот рецепт за прочуената мусака, но, овој пат, со побрза и поедноставна подготовка.

Потребни состојки:

  • една главица кромид
  • 1 поголем морков
  • 4 поголеми компири
  • неколку цвета карфиол
  • 500 грама мелено месо
  • една шолја доматен сос
  • масло за јадење
  • 2 јајца
  • 200 мг кисело млеко
  • сол и црн пипер
  • 100 мл вода

Начин на подготовка:

Компирите излупете ги, добро измијте ги и исецкајте ги на многу ситни коцкички. Истата постапка повторете ја и со морковите и карфиолот.  Исецканиот зеленчук ставете го сад на оган да се свари.

Во меѓувреме, во соодветна тепсија или подлабоко тавче. ставете масло за јадење и пропржете го кромидот, кој исто така, претходно ситно сте го исецкале. Откако ќе омекне во садот додадете го меленото месо. Зачинете. Сварениот зеленчук исцедете го и додадете го во садот со месото.  Додајте малку вода и доматен сос. Добро промешајте.  Прелијте ја мусаката со прелив од јајца и кисело млеко. Садот со брзата мусака ставете го во претходно загреана рерна да се потпече.

Готовата мусака исечете  ја на коцки и послужете.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
25
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *