Рецепт: Пилешко месо во сос од кикирики

Уживајте во сочното и меко пилешко месо во несекојдневна комбинација со путер од кикирики.

За да го подготвите овој оброк потребни ви се следниве приозводи:

  • 400 грама пилешки стек
  • 100 грама издробени кикирики без лушпа
  • 150 мл неутрална павлака за готвење
  • 2 супени лажици путер од кикиритки
  • масло за јадење
  • сол и црн пипер
  • 30 грама листови од свеж магдонос

Начин на подготовка:

Пилешкото месо исечете го на лентички. Зачинете го со сол. Ставете го во сад на оган и на малку масло пропржете го. Откако ќе зарумени додадете ги кикиритките, неутралната павлака и путерот од кикирики.

Добро промешајте. Оставете го садот на оган уште пет минути.

Декорирајте со наросени дробени кикирики и ситно исецкан магдонос.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
26
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *