Рецепт: Ролат со путер од кикирики

Интересна комбинација на вкусови која веруваме дека ќе ве инспирира откако еднаш ќе го пробате, повторно и често да го подготвувате овој десерт.

Потребни состојки:

  • 100 грама путер од кикиритки
  • 3 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • прстофат сол
  • 200 грама бело брашно
  • 1 / 2 кесичка прашок за пециво
  • 150 грама дробени кикирики
  • 50 грама какао
  • 200 милилитри хопла ( слатка павлака )

Начин на подготовка:

Жолчките заедно со шеќерот убаво изматете ги. Потоа додадете ги и белките и продолжете со матење. Откако ќе добиете густа смеса, додадете го брашното во кое претходно сте ги ставиле прашокот за пециво и солта. Мешајте со лажица. На крајот, додадете ги какаото и путерот од кикирики. Повторно промешајте.

Вака подготвениот пандишпан исипете го врз плех обложен со хартија за печење. Печете на температура од 180 степени околу 15 минути.

Испечениот пандишпан извадете го од плехот, положете го на мокра крпа и завиткајте го во ролна. Оставете убаво да се олади.

Во меѓувреме, подгответе го филот.

Изматете ја слатката павлака додека не ја добиете саканата густина. Во неа додадете ги издробените кикирики. Промешајте со лажица. Со филот исфилувајте ја внатрешната страна на пандишпанот и повторно, без премногу да притискате, свиткајте го во ролат.

Декорирајте по желба.

На здравје!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *