Лесно и брзо, но неодоливо вкусно!
За да го подготвите овој чоколаден десерт потребни ви се следните состојки:
50 мл масло за јадење
една шолја кафен шеќер
200 гр бело брашно
половина кесичка прашок за пециво
70 гр какао во прав
3 јајца
50 милилитри вода
100 гр дробено млечно чоколадо
Подготовката е изненадувачки брза и едноставна.
Потребен ви е само еден сад во кој ќе ги промешајте сите состојки.
Добро измајтете ги јајцата со шеќерот, а потоа додадете ја најпрво водата, а потоа и сите останати состојки. Мешајте со дрвена лажица се додека не добиете хомогена смеса.
Смесата рамномерно распоредете ја во плех, врз намастена хартија за печење. Печете околу дваесетина минути на темепратура од 180 степени .
На здравје!