Рецепт: Шпагети во сос со брокула

Интересна комбинација на состојки за врвно гурманско уживање.

Потребни состојки:

  • 50о грама шпагети
  • 1 главица кромид
  • 200 грама шампињони
  • една китка брокула
  • 100 милилитри неутрална павлака
  • сол и црн пипер
  • масло за јадење

Начин на подготовка:

Во сад на оган сварете ги шпагетите на вообичаениот начин, а потоа процедете. Истата постапка се однесува и на цветовите брокула, сварете ги и оставете ги настрана.

Додека се варат шпагетите, во друг сад пропржете го ситно исецканиот кромид со печурките. Откако ќе омекнат состојките, додадете ја брокулата.Зачинете по желба. На крајот, додадете ја и неутралната павлака и добро промешајте.

Сервирајте ги сварените шпагети во посебни чинии и прелијте ги со сосот.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
24
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *