Чувствувате дека треба да се промените за да бидете сакани-грешка!

Понекогаш чувствувате дека единствен начин да бидете сакани онака како што вие сакате е да се промените. Но, внимавајте, ова е една голема грешка, толку голема што сигурно можеме да ја ставиме во категоријата „непростливи“ грешки.

Можеби таа потреба потекнува од желбата да ја освоите и задржите личноста што сте ја запознале, личноста во која што сте се заљубиле, потреба да се допаднете некому.

Но, менувањето на своите ставови и навики само за да се допаднеме некому е крајно деструктивна за нас. Тоа е се само не добро. Ако успеете да се заплеткате во таа мрежа наречена „како да го задоволите вашиот партнер“ брзо ќе заборавите дека имате свое јас.

Едноставно е, доколку мислите дека е потребно да се менувате поради љубовта на вашиот партнер, дефинитивно ќе ви биде подобро без него.

Но, ако продолжите да го правите тоа, ќе се вовлечете во уште мрежа на грешки кои подоцна ќе резултира со верувањето дека само вие се жртвувате за успехот на врската. Во ред е понекогаш да се жрвтувате, особено кога постојат реални цели, но тоа не секогаш е вистинскиот начин кој може да ви гарантира заврстување на врската.

Запрашајте се, како би можел некој да ве сака, ако вие не се сакате самите себе?

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *