Шпагети со сос од пилешко месо и бело вино

Шпагети и вино – гурманите ќе речат „совршена комбинација“ !

За подготовка на овој малку поинаков начин за подготовка на тестенините потребни ви се следниве производи:

  • 500 грама шпагети
  • 1 главица кромид
  • две чешниња лук
  • 500 грама шампињони
  • 300 грама бело пилешко месо
  • 200 милилилитри бело вино
  • неутрална павлака за готвење
  • масло за јадење
  • сол
  • копар

Начин на подготовка:

Сварете ги шпагетите на вообичаениот начин, процедете ги и оставете ги настрана да се оладат малку.

Во меѓувреме подгответе го сосот.

Во сад на оган налејте масло за јадење. Пропржете го кромидот и лукот кои претходно ситно сте ги исецкале. Кога ќе омекнат додадете ги печурките и пилешкото месо исто така исецкано на ситни коцки. Пропржете кратко па дојдајте го виното. Зачинете со сол и копар. Оставете да се динста петнаесетина минути. Откако месото добро ќе омекне додадете ја неутралната павлака за готвење.  Убаво промешајте. Гответе уште само неколку минути.

Со вака подготвениот сос прелијте ги претходно подготвените шпагети, веќе сервирани во соодветни чинии.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
17
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *