Движење на бебето во стомакот на мајката-кога ќе го почувствувате за прв пат

Фетусот со различни движења реагира на надворешните дразби кои допираат до него.

Периодот кога една идна мајка ќе го почувствува првото движење на бебето во нејзиниот стомак е индивидуален, но сепак неверојатен момент кој буди низа позитивни емоции кои прераснуваат во прекрасен спомен.

Се смета дека идните мајки кои го очекуваат првото дете, неговите први движења ги чувствуваат малку подоцна, по 16-17 недела од бременоста, додека пак мајките кои веќе имаат едно или повеќе деца движењата можат да ги почувствуваат малку порано.

Трите најчести надворешни фактори кои го поттикнуваат движењето на бебето во стомакот на мајката се положбата на телото на мајката, мајчините емоции и храната која што ја конзумира мајката.

Кога телото на мајката завзема положба која е пријатна за бебето тогаш тоа е смирено ( се забележуваат поединечни движења ) и обратно, кога тоа се наоѓа во за него непријатната положба, при која се создава притисок во текот на циркулацијата се забележуваат поинтензивни движења.

Мајчините емоции се значаен фактор од кој се условени бебешките движења. Без разлика дали се позитивни или негативни, според многу досегашни истражувања како последица ја имаат поинтензивната активност на фетусот.

Храната која ја конзумира идната мајка исто така може да влијае врз феталните движења, особено масната, зачинета храна и храната и пијалоците кои се богати со шеќери, која ги интензивира движењата.

Likes:
0 0
Views:
162
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.