Децата немаат никаква полза од родителската “сурова” нереалност

Највозвишената и најтешка задача истовремено, што може да ни ја додели животот-родителството.

Кој тврди дека патот на родителството и воспитувањето на децата не е полн со ситни грешки се лаже.

Што е недозволиво кога се во прашање децата?

Психолозите даваат одговор на ова прашање:

– Децата постојано се молат да јадат здрави намирници

Реално, колку можете да успеете да убедите едно дете да јаде брокула докажувајќи ги здравствените бенефити на ова растение? Скоро воопшто нема да бидете успешни. Наместо постојано да молите, моделирајте. Продуктивноста не е секогаш во објаснувањето. Направете интересни комбинации на хранливи состојки во кои секако нема да отсуствува здравиот зеленчук. И понудете. Без премногу објаснувања.

– Децата се премногу ангажирани

Часови по странски јазик, балет, пијано, кошарка, карате, одбојка, хор… Дали некогаш сте се запрашале дали и колку всушност вашето дете ужива во сите тие активности или пак тие вам ви претставуваат лично задоволство? Детето сигурно ќе реализира поголем успех ако е сконцентрирано на една или две активности. Дозволете да ужива во слободното време, во безгрижното детство без претерани обврски и пренатрупан распоред.

– Родителите можат да бидат премногу нереални

Сите ние имаме недостатоци. Па и децата. Иако веруваме дека вашето дете за вас е најдоброто, најпаметното и најубавото сепак треба да бидете свесни и за недостатоците кои ги поседува. Во ред е да има недостатоци, не ги прикривајте, прифатете ги, затоа што и тие се дел од неговата прекрасна личност. Тие се дел од целината што го прави вашето дете посебно и уникатно. Понекогаш е подобро да се каже вистината отколку полесната опција-лагата. Мислете за понатаму, лагата не е избор на кој што треба да се темели доброто воспитување ( барем не секогаш ) Во таа родителска нереалност може да се крие и доза на „суровост“ која ќе излезе на виделина подоцна, во текот на животот на детето. Претставите за себе или околината кои детето ќе ги изгради врз основа на родителските нереални ставови и погледи можат сурово да бидат срушени од низа животни ситуации и предизвици оставајќи последици врз личноста.

Likes:
0 0
Views:
114
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.