Дисхармоничен развој кај децата

Она што треба секој родител да го знае пред да почне да се грижи дека нешто не е во ред со неговото дете е  дека динамиката на интелектуалниот, социјалниот и конгитивниот развој не се одвива со исто темпо кај сите деца.

Самиот развој не е секогаш праволиниски, односно многу често можат да се забележат одредени скокови ( пример детето одеднаш почнува да зборува ), застои ( детето подолго време стои на тоа ниво и не воведува нови зборови ) и падови, односно назадувања или регресија во развојот ( детето заборава некој збор ).

Најсоодветни институции за следење на растот и развојот се развојните советувалишта и соодветните рехабилитациони установи каде се нуди соодветен третман и терапија доколку за тоа има потреба.

Доколку по извршен преглед родителите се сретнат со заклучокот на стручните лица дека се работи за дисхармоничен развој, тоа значи дека постои нескладност или одредена неочекуваност во развојот на одредени области кои ја сочинуваат личноста на детето.

Кога станува збор за дисхармоничен развој тогаш најчесто кај детето се забележуваат одредени напредувања во одредена област кои се манифестираат со познавања што не се вообичаени за деца од таа возраст туку за деца генерациски повозрасни од детето, односно назадувања или стагнирања во друга област, каде што детето ги извршува работите како што би ги извршило дете кое е генерациски помало од него.

При утврдувањето на дисхармоничниот развој кај детето многу често се препорачува соодветен третман и постојани контроли на напредокот на развојот водени од страна на стручен тим кој го сочинуваат детски психолог и психијатар, дефектолог и логопед, невролог и физијатар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *