Ефикасен трик за славини без бигор

Бигорот е непријател број еден на чистата бања.

Ако ви се случило да вложите многу напор и труд во чистењето на бањата, но и покрај тоа таа да не изгледа целосно чисто поради неможноста лесно да го отстраните закоравениот бигор што се наталожил на славините тогаш не се двоумете да ја испробате моќта на оцетот.

Колку и да ви изгледа невозможно, сепак многу брзо ќе сфатите дека оцетот е извонредно средство за отстранување бигор.

За да го отстраните бигор од славините потребно е да натопите една памучна крпа во алкохолен оцет и истата да ја замоткате околу славината. Оставете ја да отстои околу два часа. Потоа местото добро протријте со тврда четка.

На овој едноставен, но многу ефикасен начин славините ќе го вратат својот сјај, а вие ќе вложите многу помалку труд и финансии во постигнување на целта од вообичаено.

Likes:
0 0
Views:
22

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *