Ефикасно отстранување на непријатните мириси во фрижидерот

Ако дури ни после темелното чистење на фрижидерот не успеавте да ги елиминирате непријатните мириси од неговата внатрешност вреди да го прочитате овој практичен совет.

Станува збор за едноставен, но корисен трик за отстранување на непријатните мириси во фрижидерот за чија успешна реализација ви се потребни само вода, сода бикарбона и хартија.

Земете повеќе листови хартија и згужвајте ги добро формирајќи топка. Направете повеќе такви топки од хартија и внимателно распоредете ги во внатрешноста на фрижидерот, внимавајќи на правилно распоредување со цел да биде опфатена целата површина.

Во распрскувач за течности ( шише со пумпа за прскање ) ставете млака вода со две супени лажици сода бикарбона. Со течноста прскајте ги топките од хартија се додека тие добро не се навлажнат. Влажната хартија оставете во целост да се исуши во наредниот период, додека фрижидерот работи на најслаба јачина. Хартијата и испарувањата ќе помогнат многу ефикано да се впијат сите непријатни мириси.

Внимавајте, преголемата јачина во работењето на фрижидерот може да постигне спротивен ефект, топките од хартија да се замрзнат, а непријатните мириси да останат во внатрешноста на ладилникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *