Жената на прво место – практичен или себичен чин

Дури и во современото општество, се уште е присутен митот дека целта на една жена е да им служи на другите, на децата, сопругот, блиските во семејството и дека на неа и останува обврската домот да го одржува самостојно во најдобар ред.

Не е природно постојано да се грижите за другите. Ниту една мајка не смее да си дозволи да го занемари својот живот и сопствените потреби во целост за сметка на децата. Добра мајка и сопруга е онаа жена која е среќна, а не онаа што секојдневно ќе брише прашина низ домот, ќе ги пегла алиштата со неверојатна прецизност и ќе робува во кујната – тврдат експертите.

Многумина си го поставуваат прашањето: дали кога една жена ќе се стави самата себе на прво место и ќе се грижи за нејзините потреби е себичен или практичен чин?

Стручњаците се истомисленици во поглед на одговорот на ова прашање. Долгорочно гледано, овој избор на жените е практичен влог во среќата на целото семејство, бидејќи константното игнорирање на сопствените потреби поради грижа за другите значи најмалку грижа за себе и вложување во сопственото „јас“ што во понатамошниот живот би резултирало со фрустрација и незадоволство, негативни емоции кои лошо ќе се рефлектираат врз начинот на кој што функционира целото семејство.

Поставувањето на себе на прво место не значи занемарување на другите во целост, туку да не научи дека ако сакаме да имаме среќен и исполнет живот мора, пред се, да се грижиме за себе,за сопственото здравје, за сопствените идеи, размислувања и благосостојба. Кога ќе се каже „вложување во себе“ не се мисли само на физичкиот изглед. Духовната и емоционалната надоградба, исполнувањето на одредени желби и реализација на одредени идеи секако се извор на среќа и задоволство.

Доколку одлучите да бидете среќни, вложувајќи во себе, ќе станете емоционално постабилни бидејќи ништо нема да очекувате од другите, туку од себе, ќе имате повеќе време за она што вам ви носи задоволство и радост, вашето здравје ќе се подобри и ќе испратите јасна порака на луѓето како би сакале тие да се однесуваат кон вас.

Знаејќи дека не  ви е потребно туѓото одобрување за вашите постапки, ќе започнете се повеќе да се почитувате себеси.

Likes:
0 0
Views:
101
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.