Запознавањето со емоциите и емпатијата е исто толку важно како и учењето на буквите

Покажете им ја на децата пошироката слика на светот, светот е поголем, покомплексен и поинтересен отколку што децата можат да си замислат, особено во периодот на раното детство.

Според истражувањата, фокусот на интерес на голем број деца е само нивниот мал свет, светот на семејството и пријателите. Затоа е многу важно да ги проширите видиците на децата и да ги потикнете да се заинтересираат и за луѓе и настани кои се надвор од нивниот ограничен домен на интерес, увидувајќи ги различностите во светот без разлика дали станува збор за разлика во социјална, културолошка или географска смисла.

Раното детство не е период во кој фокусот треба да се стави исклучиво на изучување на букви, броеви, форми и бои. Запознавањето со емоциите и способноста за емпатија се исто толку важни во раниот детски развој.

Запознавањето со чувствата кои ги создаваат туѓите искуства се главната алка од низата на емоционални вештини кои децата треба да ги совладаат. Проширувањето на видиците и интересите, полињата на делување и опстојување за децата значи креирање на вештини кои имаат голема важност во способноста да препорзнаваат, контролираат и искажуваат чувства, што пак долгорочно влијае врз нивната благосостојба во животот.

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *