Искрената прегратка вреди многу повеќе од најскапиот подарок

Можеби изгледа дека една прегратка нема да реши ништо, но таа е голем сојузник кога се соочуваме со некоја животна неприлика, спречувајќи ја да не надвладее, да ја скрши нашата одбрана и да ја уништи нашата сигурност.

Прегратката е начин да им кажеме на нашите сакани дека ги сакаме без да изговориме ниту еден збор. Споменот на прегратката значи да потонеме во пријатно сеќавање кое ќе не ослободи од сите непријатни чувства што не притискаат во моментот. Тие се плод на искреноста, во кој секој од нас не се плаши да биде тоа што реално е.

Прегатката е начин да примите и дадете позитивна енергија која ја негува секоја наша позитивна емоција, да дадете и да примите утеха и разбирање, емоции кои можат да ги залепат камчињата од мозаикот скршени под грубата рака на животните неприлики.

Љубовта не тера да растеме, а прегратката за човекот е истото што и сонцето и дождот за малото растение, еликсир против секое зло бидејќи со себе носи сигурност, внатрешен мир, сила и духовна рамнотежа.

Многу пати животот не носи далеку од оние луѓе кои ни се важни во нашиот живот и не сме во можност физички да ги прегрнеме онака најдобро како што би можеле.
Ако и вие сте еден/а од тие личности што почувствувале или чувствуваат таква празнина од неможноста да ги прегрнат своите сакани не очајувајте, секогаш можете да се потпрете на силата на емоционалните прегратки, искрени и подеднакво важни како и оние што ги чувствува нашата кожа.

Она што има сила да прелета илјадници километри, да совлада неброени препреки или бариерите на телефонските разговори е токму таа, емоционсалната прегратка.

Зарем не сте помислиле на тоа дека секојдневно прегрнувате некого со своите грижливи постапки, внимание и зборови. На тој начин придонесувате душата да биде прегрната, како најуниверзален начин да се пренесе љубовта и поддршката кон најмилите.

Кога ја прегрнувате душата, кога прегратката е психолошка, таа доаѓа од длабочината на нашите позитивни намери. Па така, ниту една прегратка која кожата ја чувствува не може да биде вистински извор на емоција ако не прерасне во психолошка прегратка, која ќе не натера да ги затвориме очите и да потонеме во мислите и чувствата, хранејќи ја суштината на нашето постоење.

Likes:
0 0
Views:
21
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *