Како да ја намалите потрошувачката на електрична енергија при употреба на шпоретот

При изборот на апарати за домаќинството, освен проценката на нивните оптимални карактеристики треба да внимавате и на степенот на потрошувачка на енергија, осносно на нивната енергетска ефикасност.

Кога избирате шпорет и секако, доколку дозволуваат вашите финасиски можности, најдобра опција е шпоретот со вентилаторско печење.  Струењето на врелиот воздух го прави процесот на подготовка на храната побрз и поефтин.

За разлика од класичните рингли кои трошат многу електрична енергија, керамичките плочи со индукциски рингли се многу поефикасна опција.

За да ја намалите потрошувачката на електрична енергија при употреба на шпоретот секогаш имајте во предвид дека е препорачливо да се употребуваат садови кои одговараат на големината на ринглата. На тој начин ќе се постигне оптимизација на времето на загревање. Секогаш можете да ја исклучите грејната плоча уште пред да биде зготвено јадењето. Кога подготовката на храната е при самиот крај, дури и ако плочата е исклучена, таа ќе има доволно акумулирана топлина да овозможи храната да се приготви во целост. Истото важи и за рерната. Рерната исклучете ја неколку минути пред да завршите со печењето  на храната, топлината акумулирана во внатрешноста ќе биде доволна да се доврши печењето. За да ја намалите потрошувачката на енергија при употреба на рерната, исто така, потребно е да не дозволувате непотребно ладење на внатрешноста, што би барало дополнително активирање на енергија за повторно да се постигне посакуваната темепература. Вратата на рерната отворајте ја само по потреба, бидејќи при секое отворање се троши голем дел од топлината.

Leave a Reply

Your email address will not be published.