Како најлесно да ги исчистите керамичките плочки во домот

Чистењето на подовите со керамички плочки во домот не мора да биде напорна и заморна активност, која ќе ви одземе многу време.

За блескави плочки најдобро е да користите средство за миење направено во домашни услови на база на оцет. За неговата подготовка потребно е во поголем сад да растворите еднакви делови на млака вода и оцет, а во растворот да додадете етерично масло по желба.

Изненадувачки ефект ќе добиете ако масните дамки ги елиминирате со помош на раствор од еднакви делови од млака вода и медицински алкохол.

Упорните дамки кои на плочката и даваат жолтеникав изглед може да ги отстраните со помош на сол. Посипете сол на местата каде се наоѓаат дамките, добро истријте, а потоа исперете ги со чиста вода. На крај пребришете со мека крпа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.