Како правилно да одберете детски очила за сонце

Истражувањата велат дека дури 60% од родителите не обрнуваат премногу внимание на квалитетот на детските очила за сонце туку истите ги купуваат водеќи се по критериумот на естетика. За жал, околу 40% од родителите сеуште се во недоумица дали на децата им се навистина потребни очила за сонце.

Офтамолозите со сигурност тврдат – одговорот е – ДА!

Сите ние во текот на животот сме изложени на влијанието на ултравиолетовите зраци. Од таа изложеност не се поштедени ниту децата. Според научниците, таа исложеност до осумнаесеттата година изнесува 70%, висока процентуална застапеност на изложувањето што сигурно е аларм за навремена и редовна употреба на очилата за сонце, секако согласно временските услови.

Заштитата на детското око е прироритет кој бара  рана интервенција. Правилната заштита на очите во детскиот период подразбира избор на адекватни очила за сонце кои нудат  висока заштита од УВ зрачењето.

Во таа насока, на родителите им се препорачува за своите деца да одберат квалитетни очила за сонце кои блокираат 99-100% УВА И УВБ зраци, со силиконска рамка која лесно се приспособува на обликот на детското лице и глава. Дури откако ќе се уверите дека примарните критериуми за правилна заштита се задоволени, тогаш слободно препуштете се на естетиката.

Likes:
0 0
Views:
113

Leave a Reply

Your email address will not be published.