Како сами да направите марамчиња „ловец на бои“ за машина за перење

Испробано делотворни и далеку поекономични од оние марамчиња за впивање на бои при перењето што можете да ги најдете на полиците во маркетите.

Не дозволувајте алиштата да се исфарбаат од некое друго парче облека што пушта боја додека се перат и во првата можност направете ги сами, во домашни услови, овие марамчиња потребни, за што ќе ви бидат потребни само три состојки:

– бела памучна ткаенина

– сода за перење (натриум карбонат)

– вода

( напомена: содата за перење не е исто што и сода бикарбона )

Постапката е следна:

Белата памучна ткаенина исечете ја на помали квадратчиња 10×10 сантиметри. Во сад ставете 200 мл вода и една лажица сода за перење која можете да ја купите во подобро снабдените дрогерии или во аптеките.

Натопете ги парчињата ткаенина се додека целосно не ја впијат течноста и оставете ги да се исушат.

На тој начин тие се спремни за употреба. Заедно со алиштата во машината за перење ставете и едно марамче кое докажано ќе ги улови сите несакани бои.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *