Кога е време вашето дете да посети логопед

Задолжителна е препораката да посетите логопед ( аутиолог ) доколку забележите дека вашето дете:

– во периодот од самото раѓање до истекот на првиот месец детето не реагира на звук, односно постојат значителни потешкотии во хранењето поради орално-моторни проблеми

– во периодот од 2-4 месец детето не дава одговор на пријатен звук, не го прати со поглед изворот на звукот, детето во поголемиот дел од времето молчи и не развива постепен контакт со очите

– во периодот од 5-8 месец детето ја намалува или воопшто не постои вокализацијата, отсуствува гугањето и воведувањето на одредена интонација, детето не се впушта во интерактивни игри со вокален нагласок со возрасните

– во периодот од 9-12 месец нема гугање со комбинирање на согласки и самогласки, детето не реагира на музика и останати звуци, детето не реагира на едноставни прашања и коментари како на пример: Каде е мама?

– во периодот од 13-18 месец не постои било кој од првите основни зборови ( мама, тато, дај, дојди, јаде, пие…), изостанува развојот на комбинацијата од гест и глас, детето не разбира што му се говори, не ги прифаќа новите зборови, нема разбирлив говор, не посочува со прст кон саканиот предмет

– во периодот од 18-24 месец детето не може да ги вербализира предметите од неговата околина, покажува на предметите но нема говор, се служи со раката на родителите да дојде до тоа што го сака

– во периодот од 24-36 месец детето сеуште не говори, не следи едноставни налози, не се служи со говор за да ги искаже своите потреби, доколку веќе постои оскуден говор тој не расте и не се зголемува фондот на зборови кои детето ги користи, детето не поврзува два до три збора во реченица

– во периодот од 3-4 година говорот на детето е неразбирлив за околината, константно ги прекрива ушите со дланките, говорот нема модулација, детето не поставува прашање и не употребува посложени реченици, односно детето не развива симболичка игра.

Likes:
0 0
Views:
98
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.