Моќта на искуството е многу поголема од моќта на поседувањето

Брзо се навикнуваме на нешто ново што го поседуваме. Колку и да изгледал атрактивно на излогот од некоја продавница, предметот донесен во вашиот дом, изваден од кесата и ставен на полицата брзо ја губи таа атрактивност и со текот на времето станува само обичен предмет.

Не ги трошите парите на материјални нешта. Тие имаат голем проблем. Проблемот е што всушност среќата од шопингот брзо избледува. Потрошете ги парите на нешто што ќе ве направи среќни на подолги патеки. Среќни сме со новите чевли што сме ги купиле минатата недела, но веќе по неколку дена се привикнуваме на нив и на фактот дека ги имаме и одеднаш некои други, нови чевли во излогот ни се поубави и попримамливи. Тоа е всушност и основата на парадоксот на купувањето, претпоставката дека среќата која ја добиваме од купувањето на тој предмет ќе трае се додека го имаме тој предмет. Но не е така.

Наспроти материјалното поседување и интуитивното верување дека вложувањето во нешто што можеме да видиме и допреме ќе ја донесе со себе најголемата вредност, тука е моќта на искуството. Таа е многу поголема од поседувањето. Се прашувате зошто?

Пред се затоа што искуството има трајна вредност, Тоа станува дел од нашиот идентитет. Ние не сме она што го поседуваме, туку она што го чувствуваме и размислуваме. Во новите искуства уживаме од самиот почеток, започнувајќи од фазата на планирање се до спомените кои ќе ги стекнеме попатно.


Затоа, не се двоумете наредниот пат што е подобра опција за вас, новите чизми или викендот на планина. Изберете го патувањето. Вложувајте во трајноста на среќата. И науката вели, ќе бидете посреќни.

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *