Несекојдневни факти за исклучително интелегентните деца

Можеби ќе ви звучи неверојатно, но често не е точно тврдењето дека талентираните и исклучително интелегентни деца се секогаш брилијантни на училиште, дека поседуваат несекојдневна емоционална зрелост и дека дури и на помала возраст секогаш се однесуваат соодветно на околностите.

Всушност, многу интелегентни деца имаат големи потешкотии во приспособување на училиште, проблеми со социјализацијата и покажуваат понизок успех во остварување на одредени училишни задачи.  Иако е крајно неблагодарно да се генерализира, секое дете е индивидуа со сопствени квалитети и одлики, сепак во пракса често се забележуваат случаи кога овие деца тешко успеваат да воспостават контакти со останатите деца, срамежливи се, не се наметнуваат или пак имаат таканаречен опсесивен говор-со своите другарчиња би можеле со часови да разговараат за тема која ним им е интересна, но кога станува збор за некоја друга тематика далеку од нивниот интерес тогаш комуникацијата ја сведуваат на минимум.

Во пракса, често се случува овие проблеми да поминат без големо внимание, затоа што сите во околината на детето се најчесто фокусирани на неговите можности.

Нерамнотежата во општиот развој наспроти исклучителните конгитивни способности е честа особина кај исклучително интелегентните деца. Најчесто се манифестира со поседување на интелектруални способности за одредена област кои одговараат за години подалеку од нивата емоционална зрелост, а од друга страна бележи пад во некоја друга сфера на делување и знаење ( меѓу кои и социјалните вештини кои обично им се слабост )

Кај оваа група на деца чести се и случаите на пренагласена сензитивност.Проблемите со сензорната интеграција можат да се манифестираат со екстремна надразливост на сетилата поради одредени звуци, вкусови, силни емоционални реакции или гадливост кон одредени текстури на предметите и храната.

Likes:
0 0
Views:
105
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.