Не штедете пари до степен на неразумност-животот нема реприза

Ниту една среќа на светот не е иста. Некому за среќа му е потребен луксузен автомобил, некому најскапата вила покрај океанот, додека некој едноставно е среќен доживувајќи го секој нов ден како дар, среќен е што сака и што е сакан.

Иако среќата е навистина индивидуална, без ралика на тоа како вие ја толкувате истата, секој од нас треба да запомни дека нештата се во нашите раце, никому ништо не сме должни, ниту пак некој нешто нам ни должи.

Патот до среќата и не е толку трнлив како што повеќето луѓе си замислуваат.

Следете ги овие навистина мудри изреки и уживајте во најдоброто од животот.

– Обидете се да не се расправате со никого. Секогаш е подобра опција да бидете во мир отколку во право.
– Избегнувајте комуникација со комплицирани луѓе, на крајот вие самите сте таа личност на која ќе можете да се потпрете.
– Не штедете пари до степен на неразумност. Добро е да имате некој денар за “црни денови“, но животот неуморно брза, живејте денес, бидејќи “вчера“ веќе помина, а “утре“ можеби и нема да дојде.
– Не си барајте оправдувања за своите непримерни постапки. Ако сте виновни, извинете се. Секогаш имајте на ум дека секој од нас си има своја вистина, а таа вистина многу пати нема да се поклопува со нашата.
– Најважното во животот е љубовта, сето останато е суета.
– Сите наши проблеми постојат само во нашата глава. Светот околу нас не е ниту добар ниту лош, на светот му е сеедно дали постоиме во него.
– Не верувајте во ветувања, туку во своите чувства и интуиција.

И на крајот, секогаш запомнете, немаме друг живот. Нема да имаме шанса за реприза. Кој знае, можеби токму денешниот ден ќе биде најдобриот во вашиот живот.

Likes:
0 0
Views:
108
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.